КФОР го намалува своето присуство на Косово

Командата на Меѓународните сили на Косово - КФОР ги потврди своите намери наскоро да ја намали бројноста на контингентот до десет илјади војници .Меѓународните сили под команда на НАТО изминатите години имаа меѓу 14 илјади и 15 илјади војници од армиите на земјите-членки на Алијансата. Во соопштението на командата на КФОР, се вели дека до крајот на месецот во составот на силите ќе останат десет илјади војници, Сегашните меѓународни сили ќе бидат заменети со многунационални борбени групи, кои поради намалената бројност на контингетот би требало да го зголемат степенот на мобилноста на единиците.