Шефот на руската дипломатија во посета на Ерменија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров треба да пристигне во официјална посета на Ерменија. Најавено е дека во Ереван тој ќе се сретне со ерменскиот претседател Серж Саркасјан и со шефот на ерменската дипломатија Едвард Налбандијан. Рускиот премиер Владимир Путин вчера му порача на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган дека не треба да дозволи проблемот што го имаат Ерменија и Азербејџан за сепаратистичката област Нагорно-Карабах, да влијае на ерменско-турските билатерални односи. Нагорно-Карабах е област во Азербејџан населена со Ерменци.