Азербеџан ќе го снабдува Иран со природен гас

Азебеџанските власти соопштија денеска дека во наредните три месеци ќе го снабдуваат Иран со природен гас. Според договорот Иран дневно ќе добива по 1,2 милиони кубни метри гас. Директорот на националната компанија за енергетика Ровнак Абдулаев соопшти дека тие планираат да ја снабдуваат и Русија и Грузија со околу милијарда кубни метри на природен гас од Азербеџан.