Мун-на Хаити му е потребна итна помош по земјотресот

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун соопшти дека ќе треба да се вложи огомен напор, по земјотресот во Хаити. Земјотресот со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала уништи голем дел од главниот град на островот Порт о Пренс, а се стравува дека илјадници луѓе загинаа. Мун соопшти дека е потребна итна хуманитарна помош и дека голем проблем е што мрежата за комуникација не работи по земјотерсот, што ги комплицира напорите за спроведување на помошта.