Силен земјотрес на Хаити

Земјотрес со интензитет од 7 степени според Рихтеровата скала синоќа ги погоди Хаити. Агенциите јавуваат за големи разурнувања- уништени се повеќе згради, меѓу кои и болницата и претседателската палата во главниот град Порт о Пренс. Поради прекинот на комуникациите со островот, нема информации за жртви, но се страхува дека под урнатините има голем број загинати и ранети.