Авиопревозникот Луфтханза ќе воведе лет до Ирак?

Германскиот авиопревозник Луфтханза планира да воведе лет до Ирак. Компанијата соопшти дека ја разгледува можноста за воведување на авионска линија од Франкфурт и Минхен до Багдад и Ирбил и планира новиот сервис да започне со работа ова лето. Луфтханза ги стопираше летовите за Ирак во 1990 година за време на Заливската војна.