4 странски работници киндапирани во Нигерија

Полицијата во Нигерија соопшти дека милитантите киндапирале четворица странски нафтени работници. Тројца од киндапираните се Британци, а еден е Колумбиец. Тие имале договор со холандска компанија Ројал Дач Шел, која има свое претставништво во Нигерија. Ниту една милитанта група не презема одговорност за инцидентот.