Ирачките безбедносни сили во акција за спречување на напади

Ирачките безбедносни сили денеска блокирале некои делови на Багдад за да спроведат операции со кои би се спречиле потенцијални напади. Операциите се поради најавите на терористичките групи дека денеска ќе извршат бомбашки напади во градот. Некои мостови и патишта до Багдад беа затворени изутринава, но сега повторно функционираат. Багдад во изминативе месеци беше цел на многу напади во кои животот го загубија голем број на луѓе.