Продолжува сослушувањето на идните еврокомесари

Во Брисел продолжува сослушувањето на предложените еврокомесари во Европската комисија. Во попладневните часови пред надворешно-политичкиот одбор ќе се појави предложениот комесар за проширување на ЕУ Штефан Филе. Во својот говор пред пратениците на Надворешнополитичкиот одбор на Европскиот парламент вчера Високиот комесар на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон изјави дека иднината на Западен Балкан ќе биде еден од приоритетите на нејзиното надворешно- политичко работење.