Продолжува судењето на Шешељ

Пред Хашкиот Трибунал, по прекинот кој траеше единаесет месеци, ќе продолжи судењето против лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ, кој е обвинет за злосторства врз несрпско население во Хрватска, Војводина и Босна и Херцеговина. Процесот против Шешељ, кој почна во ноември 2007- та година, беше прекинат во февруари минатата година на барање на обвинителството.Обвинителите денеска пред Судот треба да го изведат последниот сведок чиј идентитет е заштитен.