Фолксваген со рекордна продажба на возила

Најголемиот европски производител на автомобили Фолксваген соопшти денеска дека во 2009 година продале рекордни 6,29 милиони возила. Фолксваген се бори со Тојота за титулата најдобар светски производител на автомобили. Германската компанија го зголемила производството од 2008 година за 1,1 процент.