Средна Европа под снег

Средна Европа веќе неколку дена е под дебела снежна покривка, а снегот и натаму паѓа што предизвикува застој во патниот и железничкиот сообраќај, проблеми има и во снабдувањето со електрична енергија, а попуштаат и покриви на некои објекти. Во Полска, на југот на земјата, над 100 илјади луѓе останале без електрична енергија, а слични проблеми има и во Чешка каде што се уриваат далноводи. Властите во Прага не успеваат да ги исчистат улиците и тротоарите од големите снежни наноси, па движењето е отежнато.