Малезија ќе ги штити верските слободи

Малезија денеска остро ги осуди нападите врз 9 христијански цркви и се обиде да ги убеди другите земји дека е посветена на верските слободи. На денешниот брифинг на Министерството за надворешни работи за странските новинари во Куала Лумпур, беше речено дека ситуацијата е под контрола и оти ќе бидат зајакнати полициските патроли околу црквите и џамиите.