Европарламентарците ќе ги сослушуваат идните еврокомесари

Денеска во Брисел почнува седницата на Европскиот парламент на која новиот комесар за надворешна политика на ЕУ Катрин Ештон и идните еврокомесари, предложени од Жозе Мануел Баросо, ќе бидат сослушани и распитани од законодавците. Втората рунда на сослушување ќе се одржи идната недела во Стразбур, а Европскиот парламент треба до 26-ти јануари да изгласа нова Комисија, која работата би ја започнала од 1-ви февруари.