Папата го осуди убиството на христијаните во Египет

Папата Бенедикт 16 го осуди убиството на 6 христијани, пред една Коптска црква во Египет. Папата им порача на свештениците на плоштадот Св. Петар дека насилството против христијаните предизвика огорченост меѓу многу луѓе, а една од причините е затоа што се случи за време на светите денови на христијанската традиција. Папата ги осуди и нередите меѓу африканските мигранти и италијанците во јужниот дел на земјата.