Во Бања Лука денеска се одбележува денот на формирањето на Република Српска. Претседателот на републиката Рајко Кузмановиќ изјави дека по 18 години од нејзиното формирање, таа стана правно и политички полнолетна. Тој смета дека босанскиот ентитет во земјата е стабилен и европски ориентиран. Кузмановиќ додаде и дека Република Српска е создадена во тешко време и е заштитник на секој граѓанин кој сака да живее во мир и слобода.