3 планинари пронајдени мртви во Русија

Во Русија на планината Кавказ се пронајдени три тела на планинарите кои вчера исчезнаа, соопшти руското министерство за вонредни ситуации. Група на 8 планинари почетници вчера беше погодена од лавина, додека се качуваше на 3700 метри високата планина Гедантау. Телото на инструкторот беше веднаш пронајдено, а околу 100 спасувачи денеска ги пронајдоа другите три тела.