Кај Прилеп украдени 350.000 евра од возило на Стопанска Банка

Две непознати лица денеска околу пладне на излезот од Прилеп кон Битола ограбиле службено возило на „Стопанска банка“ АД Битола при што одзеле околу 350 илјади евра. Портпаролот на СВР Битола, Ѓоко Стрезовски изјави дека двете маскирани лица кои биле вооружени го нападнале автомобилот „голф“, сопственост на „Стопанска банка“ Битола, во кој се превезувале пари од прилепската експозитура кон централата на банката во Битола. Ограбувачите му го попречиле патот на голфот и притоа на еден од службените лица му нанеле полесни телесни повреди по главата. Потоа, со двете возила се упатиле во непознат правец.
Голфот е пронајден во близина на местото на грабежот, а полицијата сеуште трага по сторителите