Месиќ во Приштина со апел за признавање на независноста на Косово

Хрватскиот Претседател Стипе Месиќ денеска во Приштина упати повик сите држави да го признаат Косово, бидејки тоа ќе продонесе за регионалната и европската соработка. Тој ова го изјави по средбата со косовскиот Претседател Фатмир Сејдиу, кој го одликува со Златен медал за независност за продонесот кој тој и Хрватска го дале за независноста на Косово.