Прогноза за времето- сончево со умерена облачност

Сончево со умерена облачност. Во југоисточниот дел ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен, а попладне засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од седум до 16 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и температура до 12 степени.