Иран ќе воведе поголема контрола врз интернет корисниците

Иранскиот суд соопшти денеска дека ќе ја зголеми контролата врз интернет корисниците и објави список на забраните. Во списокот кој го направиле експерти се забранува на корисниците пристап на сите сајтови кои се спротивни на општествениот морал, како порнографија, проституција, кои се во спротивност и со верските вредности и се против безбедноста и мирот. На листата се наоѓаат и сајтовите, кои објавуваат содржини против властите.