Јапонскиот министер за финансии даде оставка

Јапонскиот премиер соопшти дека ја прифатил оставката на министерот за финансии Хирохиса Фуџи, кој ја напушти функцијата поради здравствени причини. Седумдесет и седум годишниот министер од декемви се наоѓа во болница, поради висок крвен притисок. Фуџи беше еден од најискусните членови на кабинетот, кој се бори со големиот долг и лошата финансиска ситуација на земјата. Функцијата сега ќе ја извршува заменик министерот за финансии Наото Кан.