Дипломатот Мохамед Раза Хеџдари во иранската амбасада во Норвешка даде отказ во знак на протест против третманот на Техеран на анти-владините протести. Дипломатот кој престојува во Осло три години соопштил дека неговата совест не му дала да остане. Иранското министерство за надворешни работи ја негираше информацијата како неоснована.