Сорос загрижен поради забраната на Техеран за странските организации

Институтот Отворено Општество на Џорџ Сорос соопшти дека е длабоко погоден од иранската одлука да ја забрани соработката со десетици меѓународни организации. Во понеделникот иранското министерство за разузнавање обвини 60 организации и медиуми меѓу кои Отворено Општество и Радио Слободна Европа – Радио Фарда за вмешаност во „тивката војна“ во Иран и им забрани на граѓаните да соработуваат со нив. Во соопштението на Отворено Општество се наведува дека Институтот порано работел во Иран но дека сега веке нема активности во оваа земја. Исто така е изразена загриженост за судбината на иранско – американскиот студент Киан Таџбакш, поранешен консултант на Институтот, кој е во затвор во Иран по оспорените избори во јуни 2009.