Затворена амбасадата на САД во Јемен

Амбасадата на САД во Јемен е затворена по заканите од Ал Каеда дека ќе ги нападне американските интереси на Арапскиот полусотров. Конфронтацијата со Ал Каеда во Јемен е по неуспешниот обид на еден нигериец да изврши напад на американски авион за време на Божиќ. Тој на истражителите им соопшти дека бил трениран од Ал Каеда во Јемен.