7 шиитски свештеници загинаа во бомбашки напад во Ирак

Во експлозија на бомба во близина на Багдад животот го загубија 7 ирачки свештеници, кои се враќаа од прославата на шиитскиот муслимански празник Ашура. Во експлозијата се повредени и 25 лица. Милиони шиити од Ирак и од другите земји го одбележа празникот на главната церемонија, која беше во неделата во ирачкиот град Кербала.