Иран купува над 1000 тони ураниум од Казахстан

Меѓународната заедница искажува загриженост од разузнавачките податоци дека Иран се обидува да увезе 1350 тони чиста ураниумска руда од Казахстан, што е кршење на санкциите на Советот за безбедност на Обединетите Нации. Засега нема реакција од Техеран, а портпарол на казахстанското министерство за надворешни работи изјави дека сите активности на Казахстан во врска со ураниумот се во согласност со правилата на Меѓународната Агенција за Атомска Енергија. Портпарол на Стејт Департментот изјави дека трансферот на чиста ураниумска руда за Иран е јасно кршење на санкциите на Обединетите Нации.