Судири меѓу полицијата и опозициските приврзаници во Иран

Иранските безбедносни сили се судриле со опозициските приврзаници, кои денешниот шиитски верски ритуал го искористија за нови анти-владини протести. Еден очевидец за Радио Слободна Европа, Радио Фарда изјави дека полицијата во Техеран се обидела да ги спречи луѓето да се соберат во голем број. Веб страниците на опозицијата соопштуваат дека безбедносните сили влегле и во зградата на новинската агенција ИСНА, откако некои од демонстрантите се обиделе да се сокријат таму.