Грчкиот парламент го усвои буџетот за 2010-та година, кој има цел да се намали огромниот државен дефицит преку зголемување на даноците и кратење на трошоците и платите во јавните дејности. По 5-дневна дебата и под притисок од Европската Унија, сите владејачки 160 пратеници, социјалисти гласаа за, додека 139-те пратеници од четирите опозициони партии беа против.