Еден британски војник го загуби животот во експлозија во јужен Авхганистан. Според соопштението на авганистанското министерство за одбрана војникот загинал додека бил на патрола во покраината Хелманд. Тоа е третиот случај на убиство на британски војник за 3 дена во регионот.