Адмиралот на САД Мулен на разговори во Пакистан

Шефот на американската здружена команда адмирал Мајк Мулен денеска пристигна во Пакистан. Неговите разговори со шефот на пакистанските сили Ашфаг Кајани ке бидат посветени на новата американската воена стратегија за Авганистан каде ќе бидат испратени 30 илјади дополнителни војници. Мулен во Исламабад пристигна од Авганистан.