Околу 200 луѓе биле уапсени во изминатата ноќ по нередите во Копенхаген, соопшти претставник на полицијата. Со употреба на солзавец биле растерани демонстрантите кои се забарикадирале на една улица и оттаму фрлале молотови коктели. Активисти за заштита на животната средина секојдневно организираат протести во Копнехаген со цел да извршат притисок врз учесниците на конференцијата за климатски промени да постигнат договор.