Иванов на Самитот за климатски промени во Копенхаген

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе учествува на Самитот за климатски промени на ОН во Копенхаген. Најавено е дека тој на самитот ќе говори за последиците што ги чувствува Македонија од глобалното затоплување. Во меѓувреме, продолжуваат протестите по улиците на главниот град на Данска, јавуваат агенциите. Данската полиција употребила солзавец и водни топови против нив. Неколку групи подигнале и запалиле барикади на Кристијанија, самопрогласен автономен дел на градот. Од саботата до денеска полицијата уапси речиси 1.300 демонстранти.