Обама ќе бара олеснување на кредитната политика на банките

Економските советници на американскиот претседател Барак Обама соопштија денеска дека тој ќе им изврши притисок на банките да го олеснат издавањето на кредитите за да се намали невработеноста во САД. Обама би требало утре да се состане со шефовите на финансиските институции. Советникот Лери Самерс оцени дека банкарите треба да сфатат дека тие имаат обврски спрема земјата по се што е направено за нив.