23 нови случаи на свински грип во Македонија

23 лица заболени од вирусот А Х1 Н1 се примени на инфективната клиника и во другите болници во Скопје во изминативе 24 часа, соопштија од Министерството за здравство. Во моментов на инфективната клиника се лекуваат 93 пациенти. Според министерството само двајца се наоѓаат во тешка состојба. Во Воената болница е примен еден нов пациент, а на детската се хоспитализирани шест. Две деца кои се лекуваат во детската болница имаат потешка форма на пневомонија.