Пакистан размислува за нова офанзива против талибанците

Премиерот на Пакистан Јусуф Раза Џилани изјави дека армијата ја финишира својата операција против талибанците во Јужен Вазиристан, но дека можеби ке продолжи да ги гони милитантите во друг пограничен регион со Авганистан. Владата, според Џилани, ја разгледувала опцијата за борби во племенскиот регион Орказаи.