Папандреу бара средба на сите партии поради економската криза

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу побара денеска да се состанат лидерите на сите партии за да се здружат во борбата против корупцијата во земјата. Според Папандреу економската криза сериозно ја погодила Грција, која е зафатена од потрошувачка грозница и системска корупција. Финансиската криза во Грција за прв пат претставува закана за нејзиниот национален суверенитет од обновувањето на демократијата во 1947 година.