Обама ќе ја прими Нобеловата награда за мир

Американскиот претседател Барак Обама денеска треба да ја прими Нобеловата награда за мир на церемонија во главниот град на Норвешка, Осло. Функционери од Белата куќа информираат дека во поздравниот говор Обама планира да зборува за парадоксот, како Нобеловата награда за мир ја добил врховниот командант на армијата која војува во Ирак и во Авганистан. Неименуван функционер од Белата куќа, за новинската агенција Ројтерс рече дека Обама ќе се обиде да ја објасни војната во Авганистан како дел од голема акција за спроведување на мирот.