Фуере Грција и Македонија да ги интезивираат разговорите

Одлуката на Советот на ЕУ претставува притисок и за Македонија и за Грција во наредните месеци да најдат заедничко решение за спорот со името, соопшти денеска евроамбасадорот Ерван Фуере по повод вчерашното одложување на датумот за преговори на Македонија. Според Фуере двете страни сега треба да ги интензивират разговорите за побрзо да дојдат до решение. Тој додаде и дека мора да се отфрлат сите нејасни прашања за идентитетот и јазикот, бидејќи се зборува само за името.Фуере соопшти и дека не се согласува со изјавите на некои медиуми дека одлуката во Брисел е повторување на сценариото од Букурешт.