ЕУ ја одложи одлуката за датум за преговори со Македонија

Советот на Министри на Европската Унија денеска во Брисел реши на препораката на Европската Комисија за почеток на преговорите со Македонија да и се врати за време на идното претседателство со Унијата. Како што е познато, иден 6 месечен преседавач од 1 Јануари 2010 е Шпанија. Грција и Кипар, како што јавува дописникот на А1, биле против воопшто да се споменува конкретен датум за преговори, а за тоа биле Шведска, Велика Британија, Полска, Австрија, Словенија, Словачка, Чешка и Италија. Франција, Германија и Шпанија не се впушташе во дискусијата.