Ирачкиот потпретседател Тарек Ал Хасеми се очекува дека денеска ќе ја донесе одлуката, дали ќе го потпише или ќе стави вето на изборниот законик, кој е потребен за гласањето на изборите наредната година. Хасеми најверојатно ќе стави вето на законот по втор пат, поради спорот со Шиитските и Курдските законодавци, околу распоредот на местата во парламентот, врз основа на етничка и религиска припадност.