Три ипол годишно девојче од Скопје почина од свински грип, откако вчеравечер му се влошила здравствената состојба, соопштуваат од инфективната клиника. Девојчето било примено на лекување пред пет дена и поради тешката состојба било ставено на респиратор. Во моментов на клиниката се лекуваат 98 болни, а во Воената болница се примени 63 пациенти со симптоми на свински грип. На клиниката за детски болести се лекуваат 63 деца, од 6 месеци до 5 години.