Медведев-најстрого да се казнат виновниците за експлозијата

Рускиот претседател Димитри Медведев повика најстрого да се казнат сопствениците на ноќниот клуб во градот Перм, каде при експлозија предизивикана од огномет животот го загубија најамалку 103 луѓе. Медведев соопшти и дека сопственикот на клубот бил повеќе пати предупреден од инспекторите дека просториите се небезбедни. Освен починатите, 134 лица се повредени, од кои 80 се во критична состојба, поради огнот, чадот и паниката, која настанала меѓу луѓето, кога избил пожарот. Медведев го прогласил 7 декември ден на жалост во Русија.