Иран-швајцарскиот амбасадор во Техеран да реагира за минарињата

Министерството за надворешни работи на Иран го повика амбасадорот на Швајцарија во Техеран да реагира на одлуката на Швајцарија да ја забрани изградбата на минариња на џамиите. Според иранската државна агенција ваквиот потег на Швајцарија ќе ја зголеми исламофобијата и предрасудите, кон странците во Европа и ќе ги зголеми тензиите меѓу Муслиманите и Христијаните. Минатата недела Швајцарските граѓани на референдум се изјаснија за забрана за изградба на минариња.