Цената на нафтата е перфектна, оценка на Саудиска Арабија

Министерот за нафта на Судиска Арабија Али Наими, изјави дека моменталната глобална цена на нафтата е перфектна, а светскиот пазар е стабилен. Ваквата негова изјава доаѓа по шпекулациите дека на наредниот состанок на ОПЕК би можело да дојде до договор за корекции на производството и извозот на нафтата.