Сојузничка офанзива во Авганистан

Повеќе од илјада странски војници, вклучувајќи и американски маринци, започнале офанзива против талибанските милитанти во јужен Авганистан. Американски воен претставник соопшти дека операцијата почнала со пресечување на комуникациите за снабдување на талибанците во провинцијата Хелманд. Оваа офанзива, како што е наведено, била планирана пред објавата на американскиот претседател Барак Обама за испраќање на дополнителни 30 илјади војници во Авганистан.