Соединетите држави и Русија денеска соопштија дека остануваат посветени на договорот за контрола на нуклеарното оружје СТАРТ чија важност истекува на полноќ. Во заедничкото соопштение на претседателите Барак Обама и Дмитри Медеведев се потенцира нивната цврста решеност да се постигне нов договор за контрола на вооружувањето. СТАРТ стапи во сила во 1991 година.