Во денешниот напад на вооружени лица во една џамија во пакистанскиот град Равалпинди, како што јавуваат агенциите, имало над 30 загинати и дваесетина ранети луѓе. Локалните телевизиски станици јавуваат и за неколку експлозии. Потојат страхувања дека бројот на жртвите би можело да биде многу поголем. Во Равалпинди се наоѓа штабот на пакистанската армија која спроведува офанзива против талибанските милитанти.