Американските војници за три недели во Авганистан

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс соопшти дека првата трупа на војници од планираните 30 000 илјади, кои треба да се испратат за Авганистан ќе пристигне таму за две до три недели. Додека пак сите американски војници треба да пристигнат во оваа земја во наредните две години. Тој додаде и дека префрлувањето на одговорноста за безбедноста на Авганистан на нејзините сили може да се оствари до 2011 година. Гејтс изјавил и дека тие побарале од НАТО да испрати уште пет до седум илјади војници во Авганистан и повеќе да се ангажираат во обуката на авганистанските безбедносни сили.