Хаг - Продолжува расправата за Косовската независност

На вториот ден од расправата во Меѓународниот суд на правдата во Хаг за легалноста на прогласената независност на Косово ставовите ги изнесуваат преставници на Албанија, Германија, Саудиска Арабија и Аргентина. Се очекува само Аргентина да изнесе аргументи против независноста на Косово. Расправата во Судот ке трае до 11 Декември до кога ке бидат сослушани ставови на 28 држави, а потоа во првата половина од 2010 година Меѓународниот Суд ке даде советодавно неоврзувачко мислење за независноста на Косово.